Временска прогноза: Македонија пред летни горештини!

Објавено на 31 мај, 2025 во 15:18

Територијата на Македонија полека потпаѓа под влијание на најавениот прв топлотен Африкански бран за оваа сезона. Температурите на воздухот започнуваат постепено да растат од викендов.

„Во периодот од 2 јуни,понеделник до 8 јуни, недела, ќе имаме многу топло време, а особено топло ќе биде од средината на следната седмица, кога температурите на повеќе места ќе надминуваат 30 степени, додека во Повардарието температурите ќе надминуваат над 35 степени.

На метеоролошката карта можеме да видиме дека целиот Балкански Полуостров ќе биде зафатен од овој Африкански топол бран којшто ќе услови високи температури на воздухот во регионот.

Што се однесува пак до врнежи, следната седмица, речиси и да нема. Времето ќе биде многу по стабилно и по суво, со многу повеќе сончеви периоди. Сепак, можни се сосема мали исклучоци, поточно, ќе има услови за повремено и сосема мало локално дестабилизирање на атмосферата. Врнежите на дожд ќе бидат краткотрајни, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.