Временска прогноза: Од понеделник, Македонија на удар на првиот топлотен бран од Африка!

Објавено на 30 мај, 2025 во 09:00

Територијата на Македонија во периодот од 2 јуни, понеделник, до 8 јуни, недела, ќе биде зафатена од првиот поголем топлотен бран од Африка за оваа сезона. Температурите на воздухот ќе бележат голем пораст, а времето ќе биде многу постабилно и релативно суво. Сепак, можни се сосема мали исклучоци, односно, услови за сосема мало и краткотрајно дестабилизирање на атмосферата, кое може да услови локална појава на сосема краткотраен дожд, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

„И во Скопје  и околината во овој период температурите ќе бележат голем пораст, а времето ќе биде претежно стабилно, суво  и со многу повеќе сончеви периоди.

Температурите на воздухот во текот на следната седмица ќе бидат летни и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека од средината на следната седмица температурите во Повардарието ќе надминуваат 35 степени. И во Скопје и околината температурата во текот на следната седмица ќе надминува 30 степени, додека од средината на работниот дел од неделата температурата ќе се искачи до и над 35 степени,“ додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.