Временска прогноза: Претпладне облачно, дожд попладне и во текот на ноќта

Објавено на 5 декември, 2023 во 08:06

Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 11 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд.

До четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток во попладневните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.