Временска прогноза: Претпладне сончево и многу топло, попладне услови за пороен дожд и грмежи
Објавено на 23 август, 2023 во 09:03

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Од УХМР најавуваат дека попладне особено во планинските региони ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Минималната темература ќе биде во интервал од 13 до 23 степени, а максималната ќе достигне 39 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината со услови за појава на пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Краткотрајно постабилно ќе биде во петок.
Дума.мк
