Временска прогноза: Претпладне сончево, попладне променливо облачно со локален дожд

Објавено на 29 септември, 2023 во 09:17

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.