Времето денеска сончево, од среда врнежи и пад на температурите
Објавено на 4 октомври, 2021 во 09:20
Денеска времето ќе биде ведро и студено, а преку денот претежно сончево со слаб јужен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност.
Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.