Времето попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Објавено на 27 јули, 2022 во 09:16
Времето денеска претпладне сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Доцна попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. УВ индексот ќе изнесува 9.
Потоа во следните денови ќе преовладува сончево време, но во попладневните часови со изолирана појава на нестабилна облачност, пороен дожд и грмежи.