За пожарите во изминатото деноноќие биле ангажирани 533 полициски службеници
Објавено на 17 август, 2021 во 10:11
Министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски информира дека 533 полициски службеници биле ангажирани во последното деноноќие за превенирање и гасење на пожарите, заедно со припадниците на сите специјални единици на полицијата, како и 217 мото-патроли и 145 моторни возила.
-Апелирам строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, вели Спасовски.