За време на акциска контрола, казнети 200 возачи за брзо возење

Објавено на 29 јули, 2021 во 11:16

Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што беа санкционирани 200 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, во периодот од 21.00 до 01.00 часот, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.