Загина млад пожарникар од Словенија кој активно учествувал во гаснењето на пожарите во Македонија
Објавено на 29 септември, 2021 во 14:58
Денеска во Словенија почина еден од пожарникарите кој помагал во гасењето на големите пожари што ја зафатија Македонија во август месец. Според објавата на Дојче Веле, Жан Кофол бил меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гаснењето на огнената стихија во околината на Берово и Пехчево.
-Кофол го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на родната Нова Горица во вторникот на 28 септември, еден ден пред неговиот 20 роденден. Слава му!, објави ДВ.
-Длабоко сочувство до семејството и до пријателска Словенија. Жителите на Берово и Пехчево, но и цела држава ќе ја памтат пожртвуваноста на Жан, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил.