Сакаат ли земјоделците повторно да го вратат памукот на нивните?
Веќе со години македонската текстилна индустрија со памук се снабдува од увоз бидејќи оваа култура исчезна од македонските ниви.
Текститлците велат дека увозот на памук ја намалува нивнат конкурентност.
Според претставникот од Стопанската комора на Македонија, единствен начин да се намали недостигот од памук во земјава е тој да се засадува на што поголеми земјоделски површини.
Недостигот од домашно производство на памук, според комората, може да се надмине со субвенционирање на производството, слично како субвенционирањето на другите земјоделски производи. Сепак, од здружението истакнуваат дека производството на памук мора да биде димензионирано според производствените капацитети на предиво во земјава.
“ Со субвенции сигурно и земјоделците ќе бидат позаинтересирани, и тоа би ја олеснило работата на некои наши конфекции. Но доколку сакаат да извезуваат памук, тешко дека ќе бидат конкурентни на производителите од Пакистан“ велат од комората , пренесува “Нова Македонија“.