Направено вино кое лекува !?

Објавено на 29 јануари, 2013 во 10:38

Австралиски биохемичар верува дека при производството на вино создал капкабогата со антиоксиданси кои што би можеле да лекуваат повеќе болести.

Научникот Грег Џардин од Бризбејн вели дека патентирал збир состојки создадени во текот на производството на вино кои според него делуваат противвоспалително и би можеле да се борат против низа состојби како артритис и хроничен замор.

Резултатите добиени од претходно спроведени истражувања покажаа дека конзумирањето на помали количини црно вино може да им помогне на мажите подолго да живеат и да ги штити од болести насрцето.

Австралискиот биохемичар верува дека  создал вкусен пијалок кој би можел да има впечатливи ефекти на подобрување на здравјето.

Тој вели дека збогатувањето на виното со антиоксиданси го направило тој пијалот не толку вкусен за пиење, поради преголемата количина на танин, но откако антиоксидансите станале топливи во мастите и полесно се апсорбирале во телото и самото вино станало повкусно.

Неговото вино е создадено со нормална постапка на производство на вино, но преземени се чекори да се „зајакнат“ некои делови на постапката. „Технологијата на модифицирање на полифенолите“ може да се користи и кај производството на друг вид пијалоци или храна, додава Џардин.

Фармакологот Линзи Браун кој ги испитал состојките на Жардине на универзитетот Јужен Квинсленд, вели дека имаат позитивен ефект на здравјето на глувците заболени од артритис. – Во целост спречуваат воспаление, отекување и крутост на зглобовите, вели Браун, но додава дека постојат потенцијални проблеми околу идејата за земање на виното во медицински цели.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.