Време е за кроење на лозите и овошките!

Објавено на 11 февруари, 2013 во 22:13

Временските услови дозволуваат интензивирање на кроењето на виновата лоза и овошките.

Впрочем феврари е месец токму за ова агротехничка операција во лозарството и овоштарството.

Агро стручњаците советуваат да се побрза со резидба на рибизлата бидејќи порано започнува да се развива, но и ако овоштарникот има суви гранки истите да се отстранат и запалат за да не се дозволи ширење на болести и штетници. Во Тиквешијата лозарите и овоштарите се секојдневно во своите насади за навреме да стигнат со резидбата.Најголем дел од работата им е веќе завршена, а на 14 февруари, Свети Трифин само симболично ќе го означат стартот на работите за оваа сезона.

Советите исто така се во февруари овоштарите да го изврштат второто зимско прскање. Оваа активност треба да се заврши додека не се развиени папките. Прскањето мора да се изврши во денови кога нема ветер и кога температурата на воздухот е околу 5 степени Целзиусови. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.