Српската асоцијација на земјоделци бара итни субвенции за пролетната жетва!
Асоцијацијата на земјоделците во Србија побара итна исплата на субвенциите за пролетната сеидба.
После големите штети кои сушата му ги нанела на земјоделието лани, ниските приноси и драстично намалените приходи ,придонеле земјоделците да немаат пари за купување на гориво и семенски материјал за новата реколта.
Во соопштението на Асоцијацијата,се истакнува дека во моментов на производителите итно треба да им се обезбеди субвенционирано гориво и поволни кредити, како што е дефинирано со Одредбата за распределба на субвенциите во земјоделството и руралниот развој за да можат да ги применат барем основните агротехнички мерки.
„ Бидејќи горивото е едно од најзначајните работи за сите видови на земјоделското производство, на земјоделците потребно е да им се овозможи купување на гориво по пониски цени директно на бензинските пумпи и на тој начин значајно ќе се намали почетното вложување во производството“, стои во соопштението на здружението.
Асоцијацијата на земјоделци потсетила дека таквиот модел за субвенционирање на горивото бил употребен минатата година по пат на бонови за гориво.
Асоцијацијата истакнала дека е потребно што побрзо да се реализираат мерките дефинирани со Одредбата за распределба на субвенциите,која е поврзана со давање на субвенционирани кредити и на тој начин на земјоделците да им се обезбедат средства за вложување во основни средства за да можат да употребат и адекватна агротехника за пролетната сеидба./Б.Н.Т
Извор : Танјуг
