Не се купуваат станови туку ниви во Србија!

Објавено на 10 март, 2013 во 19:55

Вложување во обработливи површини е најсигурна инвестиција бидејќи со приближување кон ЕУ цените уште ќе растат,пишува Вечерње новости.

Цената на обработливото земјиште во Србија во последниве шест месеци драстично скокна,па наместо 8000 евра, за хектар нива во Србија сега се плаќа двојно повеќе или неверојатни 16.000 евра.

Агрономите велат причина за наглото поскапување на нивите е вложувањето во земјиште кое се покажало како најсигурна инвестиција во кризните години.

На покачувањето на цената на нивите влијаело и доаѓањето на 230 странски компании кои во Војводина до сега вложиле вкупно 6.432 милијарди евра.

Земјата во главно ја нудат наследници на земјоделци кои живеат во градовите и немаат намера да се занимаваат со земјоделство и го продаваат наследството.

Земјодлците по селата во Војводина и селата во централна Србија не ја продаваат земјата. Напротив,тука се повеќе млади луѓе се занимаваат со земјоделство а освен обработка на сопствената земаат и туѓа земја, под рента.

„Пред половина година хектар земјоделско земјиште чинеше до 5.000  а сега е 8.000 евра. Тоа значи дека хектар од 8.000 евра скокнал на 12.000, а има и такви кои бараат 15.000 евра “, вели Мирослав Киш,од Асоцијацијата на земјоделци на Србија.

Поскапувањето на земјоделското земјиште не е само српски тренд,туку тоа се случува и во другите земји од регионот но и во светот.Имено,заради храната,расте и цената на земјиштето.

“Тие кои имаат капитал,до пред неколку години, најмногу вложуваа во недвижности и тоа се покажа како лоша инвестиција во годините на криза. Бидејќи сега се сите свесни дека само земјата не може да девалвира,тие кои имаат пари,почнаа се повеќе да купуваат,и сега бидејќи обработливи површини има се помалку,логично дека ќе им расте и цената“,објаснува Киш.

Меѓутоа за скокот на цената на нивите во Србија заслужна е приватизацијата на земјоделските комбинати кои придонесоа за тоа државата во своја сопственост да нема многу хектари обработливо земјиште, рекле експерти. Исто така поскапе и наемнината за земјата па многумина во тоа видоа шанса за заработка.

“Со купувањето на ораници,многу новопечени богаташи перат пари и воедно влегуваат во атрактивен бизнис кој го очекуваат подобри денови.Тој кој денес купува земја,утре кога ќе влеземе во ЕУ,за неа ќе добие двојно повисока цена. До сега голем број на луѓе се збогатија со изнајмување на државно земјиште на кое поединци со реиздавање земале големи пари“, тврди Милан Простран,секретар на Земјоделската комора на Србија./ Б.Н.Т

Извор: Вечерње новости.рс

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.