Русија увезла српски јаболки со пестициди!
Во Русија е откриено дека 60 тони јаболко од Србија содржат преголемо ниво на пестициди.
Ова било утврдено со проверка на три увозни контингенти од почетокот на годината. Информацијата за агецијата Бета ја потврдиле од службата за контрола на земјоделски производи Росељхознадзор.
Премиерот на Русија,Димитриј Медведев минатата недела на едно советување за руското земјоделство изјавил дека увозот на земјоделски прозводи не е секогаш прифатлив ни по цена,ни по квалитет и како пример ја навел Србија.
“Некои испораки се едноставно опасни по здравјето,заради високите количини на пестициди и нитрати.Последен пример беа јаболките од Полска и Србија“,рекол Медведев а ова го пренеле руските државни телевизии.
Како што соопштила Управата на Росељхознадзор за Калушката област,во февруари, биле откриени 311 тони јаболка со високо ниво на пестициди,од кои најголем дел од Полска и Србија.
Во соопштението на сајтот на Управата се наведува дека се превземени организациони мерки како не би се дозволил увоз на опасни производи на територијата на Русија.
Агенцијата за контрола на земјоделските производи навела дека во 2009 година бил потпишан меморандум за безбедност на производите кои се увезуваат од Србија во Русија.
Во рамките на таа соработка во 2009 година за време на контролите биле откриени девет пратки на увезени јаболка,со вкупна количина од 145 тони,со недозволена количина на пестициди.
Во текот на 2010 година со методот на случаен примерок биле откриени 107 пратки со околу 2 тони опасни јаболка а во 2011 година четири пратки со вкупно 77 тони.Во текот на минатата година се случил „скок“,рекле од агенцијата и навеле дека биле откриени 19 пратки од околу 400 тони штетни јаболка. Меѓутоа навеле и дека во текот на минатата година во Русија стигнале околу 14.000 тони јаболко со висока содржина на пестициди и дека тие 400 тони и „не се така страшна бројка“.
Росељхознадзор навел дека нивна задача е само фитосанитарната контрола на производите кои доаѓаат од Србија а одлуката за тоа што ќе биде понатаму со тие производи ја донесувала Агенцијата за епидемиолошко-санитарна контрола,Росепидемнадзор./Б.Н.Т
Извор: агенција Бета
