Државата ги освежи сточарите!

Објавено на 14 март, 2013 во 13:45

На трансакциските сметки на сточарите денеска Министерството за финансии исплатило 455,3 милиони денари по основ на субвенции.

“Средствата ќе им бидат префрлени на 12.403 сточари за одгледување говеда и овци. Исплатени се 196,1 милион денари на 10.693 сточари за одгледување говеда и тоа 2.800 денари по грло говедо и 259,2 милиони денари на 1.710 лица за одгледување овци, односно по 1.000 денари по грло и дополнителни 700 денари за секое оставено женско јагне“ стои во соопштението од Министерството з аекономија.

По овој приемер по се изгледа до 24 март, денот кога граѓаните ќе гласаат на локалните избори, пари за субвенции ќе им бидат исплатени и на лозарите./А.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.