Нема субвенции доколку не се евидентираат земјоделските парцели!

Објавено на 14 март, 2013 во 18:23

Нема државни субвенции без дигитализирани податоци за земјоделските парцели.

Иако процесот за дигитализација е одамна почнат од страна на ресорното министерство сеуште електронско евидентирање не го завршиле најголемите земјоделски региони во земјава.

Со европски грант од 730. 000 евра  од ИПА  фондовите ќе се обучува администрацијата како треба да работи  за идентификација на земјишните парцели, по новиот интегриран систем.

„Еден од клучните подсистеми на Интегрираниот систем за администрање и контрола, покрај останатите, е Системот за идентификација на земјишни парцели, базиран на компјутеризиран географски систем на инфомации. Овој систем овозможува графички преглед на земјишните парцели, со што се ограничува можноста за неправилно внесување на податоците при процесот на апликација за финансиска поддршка, рече денеска министерот Димовски.

Предуслов за пристапување на земјата во ЕУ ќе биде токму електронската евиденција како еден од задолжителните критериуми за добивање субвенции.

Реализацијата на проектот е планирано да трае до јануари 2014 година а овој систем  на податоци треба да го користат катастарот и министерството за транспорт и врски.

Со него државата  подобро ќе треба да ја спроведува програмата за финансиска поддршка во земјоделството, директните плаќања, како и програмите за рурален развој./Б.Н.Т

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.