Време е за појава на пламеница кај кромидот!
Оваа болест кај нас се јавува редовно кај кромидот и може да предизвика огромни штети. Кога има масовна појава тогаш доаѓа до уништување на лисната маса а со тоа се намалуваат приносите а и квалитетот на луковиците е лош.
Според агро стручњаците првите знаци на пламеницата се јавуваат на пролет,крајот на април и мај. При пламеницата лисјата стануваат бледо жолти а растенијата се со забавен раст.
Кога времето е топло и кога има голема влажност тогаш на лисјата се појавува мувла со сива боја додека сиви дамки се појавуваат на лушпите од главицата на кромидот.
Многу е важно садниот материјал да е здрав а на оние земјоделски површини каде претходно се има јавено пламеница не треба да се сади кромид најмалку во период од три години.
На секои 4 до 5 дена треба да се прска кромидот за производство на главици, се додека има добар пораст на лисната маса а потоа прскањето може да се прореди.Со заштита се прекинува тогаш кога целосно ќе се формира лисната маса.
Експертите советуваат дека за сузбивање на пламеницата на кромидот да се употребуваат следните препарати: Антракол, Манкозеп, Дитан, Браво, Ридомил Голд и други.