Обезбедете доволно вода за пиење за стадото!
Овој месец задолжително треба да земете крв за контрола на бруцелоза. Овците хранете ги со одржана дажба за да ја одржат тежината на одредено ниво.
Експертите советуваат дека оние овци кои не биле во можност да го повратат поголемиот дел од тежината кој го изгубиле за време на молзењето можат да се хранат во текот на првите две третини од бременоста малку повеќе од потребите за одржување, но подобра храна им треба и на овците кои не можат да ја одржат тежината .
Исто така во мај во одредени региони во земјата се практикува стрижење на овците а за овните да бидат подготвени за парење треба да се грижете преку целата година.
Во наредниот период ќе доаѓа до постојано зголемување на температурите и затоа особено треба да се посвети внимание на стадото. Мора да се обезбедат постојани и доволни количини вода за пиење, за која треба да се води сметка да не биде многу ладна зошто во тој случај ќе се добие и помало производство на млеко./Б.Н.Т