Почна бербата на малини!
Малина, корисно овошје чии плодови се извонредна суровина за преработка а замрзнатите плодови можат да се употребуваат преку цела година. Малините веднаш по јагодите имаат најголемо значење во групата на јагодестите овошја иако кај нас не е доволно актуелена.
350 илјади тони изнесува светското производство во последните неколку години со тенденција за понатамошен пораст зашто малината има многу предности наспроти другите овошни растенија.
Во светот постојат повеќе од 1200 сорти. Плодот е крупен до 4 гр, цврст, темно црвен, слатко на кисел, многу вкусен и ароматичен и доста квалитетен,се добива по 12 тони на хектар при полна плодност по три години. Векот на експлоатација на овошките им е најмалку 20 години.
Бројот на сончеви денови во годината во Македонија овозможува да се добие производ кој созрева порано и на пазарот да излезе десетина дена пред другите земји-производители. Со тоа може да се постигне поголема цена и да се оствари поголем профит. Насадите со малини можат да обезбедат големо враќање на средства со приход до 10.000 евра од хектар, а со нивна доработка да се обезбеди уште поголем профит.Субвенциите за нив се по 25 илјади денари за одржување на насадите.
Малината е отпорна на зимски мразеви,плодовите созреваат во јуни кога на пазарот сеуште нема доволно свежо овошје. Таа е доста специфична култура и затоа пред да се одлучи да се подигне насад потребо е да се анализираат еколошките услови кои влијаат на успехот на насадите. Оваа култура најдобри резултати дава на длабоки, растресити, пропустливи и слабо кисели почви тие особено лошо реагираат на плитки, лесни, суви, варовити, каменливи, многу кисели, тешки и мочурливи почви.
Од климатските елементи од посебно значење се светлина, топлина, врнежи и ветар тие не поднесуваат засенчени места, но неподнесуваат ниту места изложени на многу сонце. Малините не поднесуваат сушни услови,добро успеваат во реони со годишни врнежи до 1000 мм,доколку ги нема во насадите треба да се обезбеди наводнување./Б.Н.Т