Србија ќе го запре увозот на македонско вино!

Објавено на 5 јули, 2013 во 20:30

Србија искажа револт од мерката за ограничување на увозот на српска пченица во Македонија, воведена со цел да се заштити домашното производство.  Северниот сосед се закани со стопирање на увозот на македонско вино.

Најавени се реципрочни мерки и упатена е закана ако во рок од 10 дена Македонија не го повлече ограничувањето за домашните трговци кои мора да откупат 4 килограми од домашното жито за да увезат еден килограм брашно, Србија на ист начин ќе го стопираат увозот на македонско вино.

Мерката им создаде грижи на македонските винарии. Тие бараат преземање итни мерки од надлежните институции. Од здружението „Вина од Македонија“ ги известија  надлежните институции дека стојат на располагање за дополнителна аргументација во врска со ова за нив значајно прашање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.