Ќе има ли контра мерки за пченицата страна на Србија ?
Објавено на 8 јули, 2013 во 17:16
Српските трговци започнаа да ги откажуваат претходно договорените нарачки за македонски зеленчук. Околу 500 тони домати останаа во откупните центри во Струмица наместо да бидат пласирани во Србија.
Трговците од соседството, минатата недела, одговориле дека не им одговара цената. Македонските земјоделци, овој потег го толкуваат како почеток на најавите за ограничување на увозот на македонски зеленчук.
Српското министерство за земјоделство остана на ставот дека Македонија ги крши правилата на ЦЕФТА и ги отфлија информациите дека почнале со реципрочни мерки по одлуката на Македонија за условен увоз на пченица.
Ако Македонија во рок од 10 дена не ја повлече мерката Србија најави дека ќе одговори со контра мерки.