Откупени и платени над 14,5 илјади тони тутун од годинешната реколта

Објавено на 5 јануари, 2017 во 10:02

По просечна цена од 192,08 денари за килограм во Македонија до вчера се откупени вкупно 14.588 тони тутун од годинашната реколта. Откуп вршат девет компании кои ги исполниле условите предвидени од надлежните. Ова го соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За месец и половина од почетокот на откупот, компаниите откупиле 75% од очекуваните количини. Исплатата е реализирана во 93% со што на тутунарите им се префрлени 2,612 милијарди денари. Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари, и со тоа производителите просечно добиваат по 252 денара за килограм, додаваат од МЗШВ.

Според првичните проценки, во реколта 2016 година се очекуваше да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор потпишаа 10 претпријатија, од кои девет го исполнија условот за откуп. Тие до 15 декември доставија банкарска гаранција дека обезбедиле средства за таа намена.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.