Времето денеска

Објавено: 8 февруари, 2014, во 08:03 часот

Викендов претежно ведро време,  со слаба утринска магла по котлините и речните долини. И во вечерните часови ќе има услови за слаба магла на споменатите места.

Средината на денот ќе донесе сончево и релативно топло време во најголем дел од земјата. Денот ќе биде топол.

Според Метеопро максималната ќе достигне вредност помеѓу 8°С и 12°С низ котлините. Малку потопло, со максимални 14°С, ќе биде во Гевгелискиот и Дојранскиот регион.

Во Скопје денот започнува со слаба магла, а потоа се очекува разведрување релативно сончево време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе има вредност околу 10°С.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

Времето денеска…

Објавено: 27 ноември, 2013, во 07:31 часот

Во утринските и претпладневните часови ќе биде облачно со врнежи од снег, а попладне постепено ќе се разведрува.

Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -6°С до 1°С, а максималните температури од 1°С до 7°С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.