105-годишна жена од Индија руши рекорди во трчање: Нема да се откажам
Годините навистина се само бројка за Рамбаи од Индија. 105-годишната жена постави неверојатен рекорд со тоа што стана најстарата личност која освоила златен медал!
Рамбаи својата тркачка кариера ја започнала дури во 2021 година и вели дека нема да се откаже наскоро. Оваа инспиративна жена веќе има освоено голем број златни медали на локални натпревари.
Таа почнала да трча во северната индиска држава Харајана во возрасна категорија и често е единствената натпреварувачка, но тоа, како што вели, воопшто не ѝ пречи.
„Учеството е поважно од освојувањето медал“, објаснува Рамбаи, игнорирајќи ги повиците на нејзиното семејство да се смири, имајќи ги предвид нејзините години.
Нејзината внука Шармила Сангван, која црпи огромна инспирација од нејзината супер бабичка ја придружува насекаде. Рамбаи вели дека нема да се откаже од својата пасија бидејќи неодамна го открила трчањето, не знаела дека има категории за постарите возрасни групи.
Рамбаи го собори рекордот на 101-годишниот Маан Каур кој истрча 100 метри за 74 секунди и освои златен медал. Таа учествувала на трката на 100 метри во Вадодара во државата Гуџарат и финиширала за 45,40 секунди, а освила златен медал и на 19 јуни во трката на 200 метри каде завршила за 52,17 секунди.
Рамбаи е родена во 1917 година, кога Џорџ V (дедото на кралицата Елизабета Втора) владеел со Индија. Таа година, исто така, биле доделени првите Пулицерови награди во различни дисциплини во САД.