Британскиот „Х Фактор“ ќе престане да се емитува по цели 17 години: Дали Сајмон Кауел стави крај на својот најуспешен проект?
Сајмон Кауел го паузираше снимањето на шоуто „Х Фактор“ во 2018 година, но извори за „Daily Mail“ тврдат дека е малку веројатно шоуто некогаш да се врати на малите екрани. Музичкиот магнат во моментов е фокусиран на други проекти.
61-годишниот Сајмон Кауел го започна шоуто „Х Фактор“ во 2004 година, а последната сезона се емитуваше во 2018 година. Форматот се уште е успешен низ целиот свет, но музичкиот магнат не сакал британската верзија да стане „шега“.
Наводно, Кауел одлучил да го одложи шоуто на пет години, но новите извори велат дека најверојатно шоуто никогаш нема да се врати. Тие чувствуваат дека претприемачот е фокусиран на нивното ново шоу „Walk The Line“.
Во последната сезона на британскиот „Х Фактор“ членови на жирито беа Сајмон, Луи Томлинсон, Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд. Во 2019 година, Сајмон го претстави шоуто „X Factor: Celebrity“, во кое победи Меган Мекен.
Да потсетиме, од британскиот „X Factor“ излегоа големи ѕвезди како Џејмс Артур, „One Direction“, Оли Мурс, „Little Mix“ и други.