Дали се сеќавате на Тинки Винки, Дипси, Лала и По? „Телетабиси“ се враќа на малите екрани

Објавено на 12 септември, 2022 во 11:05

Четврт век откако првпат се емитуваше на Би-Би-Си, „The Teletubbies“ ќе се врати на малите екрани во форма на блокбастер на „Нетфликс“, со цел да привлече нова млада публика.

Тинки Винки, Дипси, Лала и По повторно ќе се обединат на малите екрани, раскажани од Титус Бурџис, а главните улоги ги толкуваат Џеремаја Краге, Ник Келингтон, Ребека Хајланд и Рејчел Бејнарт.

За шоуто е ангажиран Ендрју Девенпорт, еден од креаторите на оригиналната серија, а премиерата ќе биде прикажана на „Нетфликс“ на 14 ноември оваа година, пишува „The Guardian“.

Телетабиси првично се емитуваа помеѓу 1997 и 2001 година, со неколку подоцнежни репризи, а беа популарни и кај нас.

Имаше контроверзии за тоа кон кого е наменета серијата, а оваа нова варијанта би требало да има едукативен карактер и повторно ќе ја следи популарната четворка.

Се очекува да има многу пеење и играње, а првата сезона од новата серија ќе има 26 епизоди со траење од 12 минути. Тоа е само уште една во низата детски емисии од 1990-тите и 2000-тите кои неодамна добија нови верзии, бидејќи веќе видовме нови епизоди на „DuckT ales“ и „Animaniacs“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.