Џејми Оливер го сподели најдобриот рецепт за појадок за сите кои сакаат да ослабат

Објавено на 4 јули, 2022 во 12:50

Славниот британски готвач Џејми Оливер повторно нѐ инспирира со своите едноставни и брзи рецепти. Овој пат, сепак, воодушеви со рецепт за појадок кој не само што се подготвува за миг, туку е идеален и за слабеење.

Што се крие во тоа вкусно јадење? Вкусен ‘ржан леб со кремаст намаз од рикота, авокадо и домат!

Состојки за 1 порција:

–  1 парче ‘ржан леб

– 1 полна лажичка рикота сирење

–  ½ авокадо (зрело)

–  1 домат

–  малку сок од лимон

–  1 лажичка пржени пињоли (наречени и семки од бор или борови ореви)

– 2-3 ливчиња босилек

– сол и бибер (по избор)

Подготовка:

1. Намачкајте рикота на лебот.

2. Исечете половина авокадо и домат на тенки парчиња, а потоа измешајте ги со малку сок од лимон.

3. Редте ги наизменично на лебот парчињата авокадо и домат и по желба зачинете ги со малку сол и бибер.

4. Украсете со пиљоли и ливчиња босилек.

Уживајте во вкусниот и здрав појадок!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.