Џенифер Лопез се вери: После 20 години повторно во солзи му кажа ДА на познатиот актер (видео)

Објавено на 11 април, 2022 во 11:57

Латино дивата Џенифер Лопез веќе извесно време е во врска со нејзиниот поранешен вереник, актерот Бен Афлек. Парот ужива во љубовта откако ја обнови врската, а сега реши повторно да стапне на лудиот камен.

Џеј Ло и Бен Афлек се запознаа во 2002 година. Со текот на времето, познанството се претвори во емотивна врска, а медиумите воодушевени од парот им го дадоа прекарот „Бенифер“. Во ноември истата година, Афлек ја запроси латино ѕвездата со дијамантски прстен дизајниран од Хари Винстон, чија вредност се проценува на 2,5 милиони долари. Меѓутоа, поради големиот притисок што го почувствувал парот, веридбата била прекината, па се разделиле.

Лопез с, со нејзините фанови споделува детали од приватниот живот, а овој пат призна дека Бен повторно ја запросил и дека таа рекла да.

https://www.youtube.com/watch?v=nua-TAZr2EU

Многумина мислат дека обновувањето на врската што се случи пред 20 години е сигурен знак дека тие двајца се родени еден за друг и дека ова е вистинскиот момент за нив.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.