Ѕверот навистина постоел: Зад познатата бајка се крие вистинска животна приказна полна пресврти!
Малите деца ја обожаваат прекрасната бајка „Убавицата и ѕверот“, но малкумина знаат дека тоа, всушност, е вистинска приказна за животот на Петрус Гонсалвус од Канарските острови, кој се борел со синдромот на врколак.
Приказната за убавицата која се омажила за ѕвер за првпат се појавила во 1970 година, а ја напишала ко-сценаристката Габриел Сузан де Вилноу. Таа не била плод на нејзината имагинација, туку била инспирирана од ликови кои навистина постоеле.
Ѕверот, всушност, е мажот Петрус Гонсалвус, роден во 1537 година на Канарските Острови. Имено, тој боледувал од хипертрихоза, која во тоа време била сосема непозната и неизлечива болест.
Гонсалвус на само 10 годишна возраст бил затворен во кафез и испратен кај кралот Хенри II, како подарок за крунисување. Бил третиран како ѕвер додека времето го поминувал во модринки! Дури кога лекарите утврдиле дека е вистинско момче, судбината на Петрус му се насмевнала.
Иако кралот не полагал големи надежи за него, тој решил да му обезбеди образование. Сепак, Гонсалвус го изненадил, покажувајќи се како добар ученик, кој без многу мака успеал да научи неколку странски јазици и манири на високото општество. Колку успеал да напредува говори фактот што станал угледен член на кралската палата, со сите привилегии на тогашната аристократија.
Францускиот престол по смртта на Хенри II, тронот го окупирала неговата сопруга Катерина ди Медичи. Таа била позната како многу тешка личност, со која не било лесно да се справиш. За да се забавува, почнала да прави планови да се омажи за Гонсалвус, бидејќи сакала, според приказните од судот, да гледа деца кои боледуваат од хипертрихоза.
Петрус на крајот се оженил со девојка која била истоименичка на кралицата. Со неа во брак поминал 40 години, а имале дури седум деца.
Што е синдром на врколак?
Хипертрихозата, вишок на влакна, е болест која доведува до прекумерен раст на влакната на некарактеристични места на телото како што се: усни, стомак, гради, лице, раце, грб. Нема никакви штетни ефекти по здравјето, но се смета за естетска мана.