Големо откритие, пронајдена нова планета

Објавено на 14 февруари, 2022 во 14:31

Планетата е откриена во „зона погодна за живот“, каде што не е ниту премногу студено, ниту премногу топло за да се одржи живот, јавува Би-Би-Си.

Студијата беше објавена во месечните известувања на Кралското астрономско друштво.

Професорот Џеј Фарихи од Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој ја водеше студијата, рече дека набљудувањето е сосема ново за астрономите.

-Ова е првпат да се види нешто во зона погодна за живот. И затоа постои можност да има живот на оваа планета, изјави тоj.

Додека многу големите ѕвезди стануваат црни дупки кога ќе се изгаснат, помалите како нашето Сонце стануваат бели џуџиња – ѕвезди кои го потрошиле целото свое нуклеарно гориво и ги изгубиле своите надворешни слоеви.

Тие обично се со големина на планета и испуштаат синкаво-бела светлина кога првпат се формираат.

Се смета дека потенцијалната планета е оддалечена 117 светлосни години од Земјата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.