„Гугл“ казнет со 500 милиони евра
Американскиот технолошки гигант мора да претстави предлог за исплата на обештетување на новинските агенции и другите медиумски компании за објавување на нивните вести во следните два месеци, или во спротивно ќе добие дополнителна казна од 900.000 евра на ден.
Медиумските организации АПИГ, СЕПМ и АФП го обвинуваат технолошкиот гигант дека не пристапувал добронамерно во разговорите за изнаоѓање договор за пренос на информативна содржина на Интернет, во согласност со неодамна донесената директива на ЕУ.
АПИГ, кој ги претставува најголемите печатени медиуми во Франција, вклучувајќи ги „Фигаро“, „Ле Монд“ и други, е еден од тужителите, иако потпиша рамковен договор за разговори со „Гугл“.
„Гугл“ соопшти дека е „многу разочаран“ од одлуката на француските власти и дека имал добра волја во текот на целиот процес.
Во соопштението се додава дека изрекувањето на казната „ги игнорира напорите направени за постигнување договор“ и реалноста на начинот на кој вестите се пренесуваат на платформите на „Гугл“.