Илина и Игор се подготвени за Стара нова година

Објавено на 11 јануари, 2022 во 11:52
Фото: Инстаграм профил на Илина

Игор Џамбазов и Илина Арсова несомнено се омилениот пар на македонската јавност. И двајцата се активни на социјалните мрежи и  знаат да ги радуваат своите обожаватели и пријатели со заедничките фотографии и видеа, меѓусебната поддршка и позитивната енергија.

Така и овој пат, парот без грижа го дочека вчерашниот снег, со соодветна, весела објава на инстаграм-мрежата. Парот се сликаше со новогодишни реквизити како маски на лицата, подготвени за пречек на Василица, или Стара нова година.

Илина притоа сподели и  „стори“ на кои се потсети како изгледале тие двајца пред неколку години, кога имале „поубави“ фризури.

Фото: Инстаграм профил на Илина

Тие редовно споделуваат фотографии со кои ја слават својата љубов. Неодамна Илина стави фотографија од нив двајца во Дојран, со порака дека зимата е прекрасна таму, на што доби позитивни коментари од своите следбеници.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.