Ревија: Ангелите на Викторија Сикрет
Вчера вечерта во Њујорк беше одржана нова ревија на Ангелите на Викторија Сикрет. Тие уште еднаш ги покажаа своите тела кои им носат милони долари. Посетителите имаа можност да ги видат Adriana Lima, Alessandra Ambrosio, Miranda Kerr и други убавици кои со недели се подготвувале и напорно вежбале за овој голем настан.
Ангелите на Викторија Сикрет изгледаа прекрасно, а нивната убавина толку силно допре до публиката што тие посакаа шоуто да не заврши.
За дополнителна забава за присутните беше задолжен Џастин Бибер, кој немаше трема и покрај тоа што беше опкружен со најубавите девојки во светот.
Покрај Бибер, на ревијата настапи и Ријана, која успешно им парираше на маникенките.
Особено важно за оваа компанија е тоа дека заедно со телевизискиот канал CBS донираа милион долари за жртвите од ураганот што ги погоди САД.