Како да изберете вистинско цвеќе за подарок?
Кога сакате некому да подарете цвеќе треба да знаете дека никогаш не се подарува парен број на цвеќиња и секогаш треба да ставете потпишана порака со букетот кој го испраќате. Исто така треба да го знаете и јазикот на цвеќето,односно која порака ја испраќа избраниот цвет:
-Божур-симбол на среќен брак и просперитет,возвишеност и елеганција.
-Црвен каранфил-милост и љубов
-Бел каранфил-чистота и љубов
-Орхидеја-егзотичност,префинетост,романса,еротика и желба за интимност
-Ирис или перуника-достоинство,храброст,
-Бела роза-невиност
-Жолта роза-веселба,задоволство но и неерство и љубомора
-Портокалова роза-страст и фантазија
-Црвена роза- благодарност,восхит,нежност и грижач
-Сончоглед- сила и восхит
-Нарцис-самобендисаност,невозвратена љубов но и нов почеток
-Лале -богатство,раскош,убавина,желба,заљубеност и љубов
-Хризантема -најмногу се користи на погреби
