И Џесика Симпсон бремена!
Објавено на 28 ноември, 2012 во 20:03
Божиќ со драгоцен и неочекуван поклон предвреме пристигна кај Џесика Симпсон.
Америчката пејачка и глумица повторно е бремена и тоа по седум месеци по раѓањето на своето прво дете.
Според напишаното на „US Vikili“ триесет и две годишната американска ѕвезда е бремена со второ дете од поранешниот играч на амерички фудбал Ерик Џонсон.
„Не беше планирано, но Џесика повторно е бремена“ вели близок извор на парот, додавајќи дека глумицата е пресреќна.
Џесика и Ерик се верени веќе две години. Уште еднаш мораат да ја одложат свадбената свеченост, а пејачката мора да се откаже и од диетата со која неодамна ослабе повеќе од дваесет килограми.
