Адел прогласена за забавувач на годината!

Објавено на 22 декември, 2012 во 00:57

Адел немаше нов албум оваа година, ниту пак светска турнеја, но 2012 беше навистина успешна за неа. По Греми наградата и песната за филмот за Џејмс Бонд, агенцијата Associated Press ја прогласи Адел за забавувач на годината. Во конкуренција на јужнокорејскиот рапер ПСУ, колешката Тејлор Сфивт, како и ѕвездите на филмот „Twilight“. “Twilight”.

Албумот „21“ на Адел, достигна продажба од 10 милиони примероци, само во Америка. Караоке сајтот Lucky Voice извести дека песната на Адел „Someone Like You“ е најпопуларна песна за караоке, а „Rolling in the Deep“ е на четвртото место, додека „Make you feel my love“ е на шестото место по популарност од песните кои се пеат по баровите.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License