ТОМ КРУЗ НА СОСЛУШУВАЊЕ ЗОШТО ПРЕСЛУШКУВАЛ НОВИНАР!
Том Круз минатиот вторник помина три часа на сослушување во полиција поради тужбата дека во соработка со својот адвокат незаконски преслушкувал телефонски разговори на поранешниот уредник на магазинот „Bold“.
Новинарот пред три години покренал тужба против холивудската ѕвезда, која се до сега го одбегнувала сведочењето. Оштетата која новинарот ја бара поради наушување на приватноста и слободата на изразување е 3,7 милиони евра.
Спорното преслушкување се случило пред десет години. Некогашниот уредник на магазинот во 2009 година ја поднесе тужбата против Том Круз и неговиот адвокат, тврдејќи дека они двајца потплатиле приватен детектив за да ги преслушкуваат неговите телефонски разговори.
Детективот се наоѓа во затвор, а сега се испитува вмешаноста на Круз во целиот случај.
Глумецот многу пати го одбегнуваше сослушувањето, кое помина во најстрога тајност.
