ЕШТОН КАЧЕР ПОДНЕСЕ ДОКУМЕНТИ ЗА РАЗВОД ОД ДЕМИ МУР

Објавено на 22 декември, 2012 во 18:04

Ештон Качер, вчера во судот во Лос Анџелес ги поднесе документите за развод од својата сопруга Деми Мур. Глумецот одлучи дека крајно време е да стави крај на брачната заедница, а како причина ги наведува непомирливите разлики со Деми Мур.

Кризата во бракот настанала по изневерувањето на Ештон, а парот од минатата година веќе не живее заедно .

Одкако светксата јавност дозна за изнаверувањето на глумецот, Деми Мур се состана со својот адвокат за да го спречи Ештон да добие било што по разводот.

Иако тоа тогаш делуваше дека глумицата е спремна за развод, за брзо работите се променија. Ештон започна врска со Мила Кунис, при што Деми реши да не му дава слобода на Ештон и да не ја прифаќа понудата за развод.

Според гласините, Деми Мур сеуште е одлучна во својата намера и не сака да ги потпише документите за развод.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.