Џеси Џеј ќе ја шиша косата во живо на телевизија!

Објавено на 31 јануари, 2013 во 13:49

Британската пејачка Џеси Џеј најави дека планира да ја скрати својата коса односно да ја избриче, во живо во една ТВ емисија.

Џеси Џеј се одлучила на овој потег за да и помогне на фондацијата „Црвен нос“, а својата коса ќе ја продаде за хуманитарни цели.

„Бричењето на главата во хуманитарни цели е нешто што одамна сум го ветила дека ќе го направам и се надевам дека ќе соберам што повеќе пари од тој чин“, изјавила пејачката која е позната по својот екстраваганден имиџ.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.