Бијонсе и Џеј Зи први на листата „Најмоќен пар“ во Холивуд!
Порталот „Е! news“, специјално за Денот на вљубените направи листа на најмоќни парови во Холивуд. Бијонсе и Џеј Зи први на листата, погледнете кои се останатите!
1. Бијонсе и Џеј Зи
Двете музички икони се наоѓаат на прво место. Она, добитничка на Греми, глумица која беше номинирана за Златен Глобус, родител, дизајнер и поп дива! Он, рапер награден со Греми, музички продуцент, креатор на музичкиот вкус на многу луѓе ширум светот. Брачниот пар својата љубов ја крунисаа со својата ќерка Блу Ајви Картер.
2. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам
Нивната љубовна приказна е инспирација на многу луѓе, а нивната венчавка едно од најгламурозните случувања во последниов период. Тие се еден од најомилените светски парови кои привлекуваат внимание каде и да се појават. Наскоро ќе станат родители по прв пат, нивниот живот тогаш ке стане вистинска бајка.
3. Ким Кардашиан и Канје Вест
Ким е ѕвезда од реално шоу, модна дизајнерка и деловна жена. Он е рапер кој освоил Греми и има искуство во дизајнирање. Овој пар очекува бебе, а кога Ким ќе добие законска одлука за развод од Крис Хамфриза, овој пар ќе може љубовта да ја круниса со брак.
4. Анџелина Џоли и Бред Пит
Се запознаа на снимањето на „Госпоѓа и Господин Смит“ и нивната животна приказна стана вистинско филмско сценарио. Родители се на шест деца и многу успешни во својата професија. Вкупно освоиле шест номинации за Оскар, а еден од нив заврши во нивниот дом. Го доби Џоли.
5. Миранда Ламберт и Блејк Шелтон
Тие се крал и кралица на кантри музиката, носители на бројни признанија, а оваа година номинирани и за наградата „The Country Music Awards“ во категоријата забавувач на годината. Зошто не би ја освоиле двајцата ?
