Синот на Бред Пит е негова копија
Познато е дека малите деца секогаш скааат да изгледаат како возрасни луѓе или како нивните родители. Нокс Џоли – Пит не е исклучок. Со своите четири години тоа се облекува како својот славен татко.
Фотографиите биле направени во Лос Анџелес на Св. Валентин додека Бред и Анџелина се упатувале во музеј заедно со близначињата Нокс и Вивиен.
Неодамна стана јасно дека малата Вивиен започна да ги следи стапките на своите родители и ја доби првата филмска улога.
Малото девојче ќе ја глуми детската верзија на Ел Фенинг, односно принцезата Аурора во филмот „Maleficent“. За своето учество во филмот, Вивиен ќе добива по 3.000 долари неделно.
Главната улога во „Maleficent“ ја има Анџелина Џоли. Премиерата на филмот се очекува да биде на 14 март 2014 година.
