Крис Браун ја призна грешката
Пејачот Крис Браун, кој во јавноста најмногу се прослави по инцидентот во кој пред четири години ја претепа Ријана, вели дека тоа било најголемата грешка што некогаш ја направил.
Тој и Ријана повторно се во врска и Браун конечно искрено прозборува за инцидентот што го направи пред четири години.
„Таа ноќ беше најголемата грешка во мојот живот, навистина најголема!Таа ме сака. Ми прости. За тоа да се случи многу се потрудив. Што друго да кажам?“ – вели Браун.
По инцидентот Браун беше окарактеризиран како едно од најлошите момчиња во светот на шоубизнисот. Но пејачот тврди дека сака да избега од овој лош имиџ, зашто реално не е таков.
Крис и Ријана изминатите денови престојуваа на Хаваи, каде што пејачката го прослави 25-тиот роденден.
Таа побрза да ги објави фотографиите со Браун на една од социјалните мрежи. Впрочем тоа редовно го правеше во изминатиот период, па јавноста точно знаеше кога биле заедно.
