Поранешниот маж на Ејми жали што и дал дрога

Објавено на 1 март, 2013 во 12:21

Блејк Фидер- Сивил, поранешен сопруг на пејачката Ејми Вајнхаус, за “Сан” призна дека тој ја вовел скандалозната музичарка во светот на дрогата. Блејк додава дека му е жал поради тоа.

„Бевме во хотел во Лондон кога во себе имав хероин за 100 евра. Пушев, а Ејми ме праша дали може да проба. Не и се противев многу, зашто знаев дека прави се што ќе науми да направи“, рече Сивил.

Тој призна дека овој миг бил значаен за пресвртот во животот на Ејми.

Според него, Вајнхаус почнала да се дрогира два месеци пред нивната венчавка во Мајами.

Сивил тврди дека веднаш се навлекла на хероин. Тој додаде дека жали што ја вовлекол во светот на дрогата. Блејк рече дека веќе една година не зема дрога.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.