Роби Вилијамс првпат ја покажа снимката од венчавката

Објавено на 1 март, 2013 во 12:29

Пред турнејата Take The Crown во рамките на која на 13 август ќе пее на “Максимир” во Загреб, Роби Вилијамс со обожавателите подели дел од интимните моменти со сопругата Ајда Филд.

На неговиот блог ја објави снимката од нивното венчавање што мината година се одржа во домот на пејачот во Лос Анџелес.

„Уживајте во нашиот ден. Ајда и јас уживавме“, напиша Роби покрај видеото.

Пејачот е во врска со актерката од турско потекло од мај 2006 година, а три години подоцна ја побара за жена. Се венчаа во август 2010 година, а на 18 септември станаа горди родители на малата Теодора Рос.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=P04FYj1dn6U{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.