Фановите на Џастин Бибер си заминаа од концертот во Лондон!
Објавено на 5 март, 2013 во 12:38
Џастин Бибер доцнеше два часа на концертот во Лондон. Тој вчера во арената “О2” требаше да го одржи првиот концерт од турнејата Belive. За жал, нетрпеливите Британци си ги вратија своите деца дома пред канадската ѕвезда да се појави на сцената.
Бибер, иако не се извини на публиката за доцнењето, сепак приреди енергичен настап, објави “Мејл онлајн”. Оттаму откриваат дека Џастин пред концертот бил виден во некои лондонски клубови каде што го прославил својот роденден. Друштво му правел другарот Џејден Смит, кој бил во врска со помладата сестра на Kим Kардашјан.
