Данска најголем евровизиски фаворит во обложувачниците
Објавено на 7 март, 2013 во 21:23
Најголеми шанси за победа на Евросонг годинава според прогнозите на европските обложувачници има Данска. Овогодишен претставник на оваа земја е Емели де Форест со песната Only Teardrops.
Редоследот на табелата во обложувачницата Paddypower.com покажува дека на второто место се наоѓа Норвешка, со песната I Feed Your Love, а трета е Русинката Дина Гарипова со песната What If. Песната „Љубав је свуда“, со која групата „Моје три“ ќе ја претставува Србија на годинашниот Евросонг, го зазема 12. место.
Песна за претстојната Евровизија, која ќе се одржи од 14 до 18 мај во Малме, сe уште немаат избрано Израел, Шведска, Романија, Холандија, Молдавија и Азербејџан.
