Ким Кардашиан ги затегнува брчките со вбризгување на сопствена крв
Објавено на 11 март, 2013 во 21:06
Ким Кардашиан употребува нов бизарен третман за убавина и навремено отстранување на брчките од своето лице. Со вбризгување на сопствена крв ќе ги отстрани!
Поради убавината нејзе не и е тешко и по третманот. Ѕвездата се надминала себе си во настојувањето да биде засекогаш млада и убава. Доказ дека ова е навистина уште една нејзина лудост е самото тоа што целиот процес ќе биде објавен во нова епизода во нејзиното реално шоу.
Ким својата фотографија по процедурата ја сподели и на својот Твитер профил, објаснувајќи дека сака да проба се.
Сакам да пробам се со што ќе сечувствувам млада и убава, објасни таа на Твитер.
Таа се одлучила на овој третман зошто трае кратко, а ефектите се видливи дури по 18 месеци.
