Акапела композиција од песните од Дизниевите цртани филмови

Објавено на 14 март, 2013 во 23:07

17 годишната средношколка од САД, Хедер Траска своето слободно време го поминува снимајќи видеа на кои таа пее. Во продолжение можете да погледнете едно нејзино убаво видео каде таа се навратила на спомените од детството, кога уживала во цртаните на Дизни.

Во текот на 86 дена се снимала како пее 13 песни од филмовите во акапела, а повеќе од 30 пати го променила изгледот и шминката, при што сама си ја дизајнирала облеката. Потоа, повторно сама, ги средила тринаесетте песни во една композиција, па потрошила уште еден месец во креирање на видеото. Вложила навистина голем труд, но гледајќи и слушајќи го крајниот резултат, тоа добро се исплатело.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=F8ZJrfeohzU&feature=player_embedded{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.